Компанија

Визија

Водечки производител и извозник на високо квалитетeн полипропиленски конец во Европа и пошироко

Мисија

Производство на високо квалитетен полипропиленски конец преку постојано подобрување и паметни решенија

Вредности

Односи на доверба и интегритет со нашите клиенти. Корпоративна општествена одговорност

За нас

Ја основавме Мак-Италпласт во 1998 во Струмица, Р. Македонија како семејна компанија. Специјализирани сме во производство на полипропиленски конец, продукт со широка примена во земјоделството, хортикултурата и индустријата, како и примена во секојдневна употреба.

Производната линија содржи конец со вообичаената тежина од 0,2-10 килограми, рафија во различни бои или безбојна, во зависност од потребите на нашите клиенти. Посветени на производство на високо квалитетен полипропиленски конец, постојано ги зголемуваме извозните капацитети и ги следиме трендовите во производството користејќи високо софистицирани машини со светски реномиран квалитет.

Со нашите клиенти градиме однос на интегритет, одговорност и флексибилност. Нашата компанија се наоѓа во Југоисточниот регион на Р. Македонија, во непосредна близина на бугарската и грчката граница.

Продукти

Производство на ленти

Полипропиленска рафија

Полипропиленско јаже

Вентус

Спецификации на производите


Полипропиленско јаже за балирање

Широка употреба во земјоделството и индустријата

Оптимална сила на јазол и кинење

Минимално триење - мазна површина

Високо затегнувачка издржливост

Совршено намотување


Полипропиленска рафија

Широка употреба во земјоделско производство на

на лозарски и градинарски култури

Достапно како клопче, по ваш избор

во различни бои и типови

и опсег од 200 m/kg до 1200 m/kg

Фибрилирана или не-фибрилирана

Контакт

  • Адреса: с.Муртино 2432, Струмица, Р.Македонија
  • Телефон: +389 (0) 34 373 775
  • Е-маил: info@makitalplast.mk
  • Веб-сајт: www.makitalplast.mk